Балкан, Коронавирус

Во Србија учениците повторно во училишните клупи

„Воспитно-образовниот систем покажа резистентност и вирусот значително не влезе во училиштата“

Bojana Stojanovic   | 19.04.2021
Во Србија учениците повторно во училишните клупи

БЕЛГРАД (АА) - Од денес учениците во Србија се враќаат во училишните клупи што е показател дека епидемиолошката ситуација со коронавирусот се подобрува, изјави српскиот министер за образование, наука и технолошки развој Бранко Ружиќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Воспитно-образовниот систем покажа резистентност и вирусот значително не влезе во училиштата“, изјави тој за Радио-телевизија Србија (РТС).

Според Ружиќ, меѓу вработените во образованието немало повеќе од два, три проценти заразени и околу еден процент заразени меѓу учениците, што, како што рече, не значи дека тие се заразиле во училиштата или на факултетите.

„Околу 55.000 вработени во образованието се вакцинирани, што е нешто повеќе од една третина, и тоа е добар показател. И овој пат ги повикувам не само просветните работници, туку и граѓаните од сите старосни групи да се вакцинираат“, порача Ружиќ.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.