Балкан, Коронавирус

Во Србија пристигнаа милион дози од вакцината против Ковид-19 на компанијата „Синофарм“

„Со овие дози ќе вакцинираме 500.000 луѓе, што е голем пресврт во борбата против коронавирусот и голем чекор напред“

Bojana Stojanovic   | 16.01.2021
Во Србија пристигнаа милион дози од вакцината против Ковид-19 на компанијата „Синофарм“

БЕЛГРАД (АА) - Милион дози од вакцината против коронавирусот од компанијата „Синофарм“ од Кина се испорачани денес во Србија, а на Аеродромот „Никола Тесла“ во Белград ги пречека српскиот претседател Александар Вучиќ, јавува Агенција Анадолија (AA).

„Со овие дози ќе вакцинираме 500.000 луѓе, што е голем пресврт во борбата против коронавирусот и голем чекор напред“, рече Вучиќ, и додаде дека тој и министерот за здравство, Златибор Лончар, ќе ја примат таа вакцина во следните седум до осум дена.

Вучиќ најави дека во понеделник ќе пристигнат уште 19.500 дози од вакцината Фајзер/БајоНТех, во вторник 250.000 дози од вакцината Спутник V, а до среда во Србија ќе има над 1,4 милиони дози вакцини против коронавирусот. Во тек се преговори и за вакцината на АстраЗенека.

„Пристигнувањето на кинеската вакцина е дел од нашата заедничка борба против вирусот и се надевам дека вакцината ќе даде свој придонес за сузбивање на епидемијата во Србија“, рече кинеската амбасадорка во Србија, Чен Бо.

Во Србија досега дозвола за користење доби вакцината на компанијата Фајзер/БајоНТех, како и руската вакцина Спутник V, а Агенцијата за лекови и медицински средства ќе ја испитува денес пристигнатата вакцина од Кина.

Досега во Србија против коронавирусот вакцинирани се 20.500 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın