Балкан, Коронавирус

Во Србија од коронавирусот досега починаа 23 лица, заразени се 900

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски заболувања, Горан Стевановиќ, соопшти дека според последните податоци, починале уште 7 лица, а регистрирани се уште 115 позитивни на овој вирус

Bojana Stojanovic   | 31.03.2020
Во Србија од коронавирусот досега починаа 23 лица, заразени се 900

БЕЛГРАД (АА) - Во изминатите 24 часа во Србија од коронавирусот починаа уште 7 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата порасна на 23, јавува Агенција Анадолија (AA).

Директорот на Клиниката за инфективни и тропски заболувања, Горан Стевановиќ, соопшти дека според последните податоци, починале уште 7 лица, а регистрирани се уште 115 позитивни на овој вирус.

До 15 часот денеска, регистрирани се вкупно 900 потврдени случаи на Ковид-19.

Од последниот извештај па до денеска во 15 часот тестирани се примероци на 477 лица, од кои 115 се позитивни и 362 негативни на новиот вид коронавирус.

Во националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 3.561 лице, кои ги исполнуваа критериумите за тестирање.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın