Балкан

Во Србија од денес во функција третиот меѓународен аеродром во земјата

„По Белград и Ниш, денес започна со работа третиот меѓународен аеродром во Србија, „Морава“ кај Краљево...“

Bojana Stojanovic   | 30.06.2020
Во Србија од денес во функција третиот меѓународен аеродром во земјата

БЕЛГРАД (АА) - Со денешниот прв лет од Краљево кон Виена, во Србија почна со работа третиот меѓународен аеродром „Морава“ кај Краљево, а српската министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, најави продолжување на инвестициите во авиосообраќајот, пренесува Агенција Анадолија (AA).

„По Белград и Ниш, денес започна со работа третиот меѓународен аеродром во Србија, „Морава“ кај Краљево. За граѓаните на централна Србија овој аеродром ќе биде од големо значење, а очекувам дека нашата авиокомпанија „Ер Србија“ ќе има уште повеќе летови од аеродромот Морава“, истакна Михајловиќ, соопшти Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија.

Таа додаде дека досега во аеродромот се инвестирани повеќе од 25 милиони евра, со цел да биде оспособен според сите авиостандарди.

„Она што нè очекува е изградба на нова инфраструктура на аеродромот „Морава“ со цел создавање центар за карго авиосообраќај во Србија. Планот е да изградиме целосно нова писта и сите придружни содржини, што е инвестиција од околу 100 милиони евра“, рече министерката Михајловиќ.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın