образование, Балкан

Во Србија започна учебната година, учениците со заштитни маски на лицата

Сите ученици кои посетуваат настава во училиштата се должни да носат маски, додека оние кои не можат да носат маски поради некои болести носат визири

Bojana Stojanovic   | 01.09.2020
Во Србија започна учебната година, учениците со заштитни маски на лицата Фото: Miloš Miškov/AA

БЕЛГРАД (АА) - Новата учебна година во Србија започна денес. Она што е специфично во однос на претходните години е задолжителното носење заштитни маски од страна на учениците поради Ковид-19, а првиот час од првиот ден беше посветен токму на овој вирус, јавува Агенција Анадолија (AA).

Поради коронавирусот, часовите се скратени на 30 минути, наместо досегашните 45 минути.

Сите ученици кои посетуваат настава во училиштата се должни да носат маски, додека оние кои не можат да носат маски поради некои болести носат визири.

Одделенијата што имаат повеќе од 15 ученици се поделени во две групи, па така учениците од прво до четврто одделение се прва смена, додека постарите се втора смена.

По секој блок настава, училниците се дезинфицираат.

Инаку, 97 проценти од родителите во Србија се определија нивните деца да ја следат наставата во училиштата, додека само три проценти наведоа дека сакаат нивните деца наставата да ја следат онлајн.

За оние кои следат онлајн, оценувањето сепак мора да биде во училиштата, и тие во образовните установи ќе доаѓаат на проверка на знаењето во закажани термини.

Кризниот штаб за заштита на населението од коронавирусот препорача децата кои биле во странство пред почетокот на учебната година две недели наставата да ја следат преку интернет.

Исто така, Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ формираше тим кој ќе ја следи епидемиолошката состојба само во училиштата и за неа ќе го известува Кризниот штаб на дневно ниво.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın