Балкан

Во сообраќајна несреќа во Германија загина пејачот Шабан Шаулиќ

Несреќата се случила во утринските часови на автопатот помеѓу Билефелд и Дизелдорф, а учествувале и два автомобила

Aldıjana Hadzıc   | 17.02.2019
Во сообраќајна несреќа во Германија загина пејачот Шабан Шаулиќ

Saraevo

САРАЕВО (АА) - Во тешка сообраќајна несреќа која се случи во Германија, загина пејачот на народна музика, Шабан Шаулиќ, пишуваат регионалните и германските медиуми, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според пишувањето на српските медиуми, несреќата се случила во утринските часови на автопатот помеѓу Билефелд и Дизелдорф, а учествувале и два автомобила.

Во еден од нив се наоѓал Шаулиќ и уште две други лица кои се повредени, едно од нив потешко.

Шаулиќ, кој е роден во 1951 година, беше еден од најпопуларните изведувачи на народна музика на подрачјето на поранешна Југославија, а зад себе остави низа хитови. Првиот албум го издаде во 1969 година, и оттогаш неговата богата музичка кариера се движеше по нагорна линија.

Информациите за загинувањето ги потресе големиот број обожаватели низ целиот регион.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın