наука и технологија, Балкан

Во Скопје отворена Меѓународната изложбата на технологии „МАКИНОВА 2019“

- По повод Светскиот ден на науката, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес ја отвори јубилејната 40. Меѓународна изложба „МАКИНОВА 2019“ и 17. изложба „ЕКОНОВА 2019“, во организација на СПАТУМ и Народната техника на Македонија

Husamedin Gina   | 08.11.2019
Во Скопје отворена Меѓународната изложбата на технологии „МАКИНОВА 2019“  Foto: Husamedin Gina / AA

СКОПЈЕ

По повод Светскиот ден на науката, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, денес ја отвори јубилејната 40. Меѓународна изложба „МАКИНОВА 2019“ и 17. изложба „ЕКОНОВА 2019“, во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија - СПАТУМ и Народната техника на Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).

Пендаровски, кој е покровител на манифестациите, во своето обраќање рече дека е потребно систематски да се работи за зголемување на бројот на млади иноватори, зошто битно е секој што има потенцијал и креативност да дојде до услови за негово реализирање.

„Влогот во младите претставува влог во нашата иднина. Човечкиот потенцијал може да биде пресуден за нашиот развој имајќи ги предвид лимитираните ресурси и географската местоположба. Тоа што е битно сите кои имаат потенцијал, креативност, да дојдат до услови за нивното понатамошно усовршување и развој“, нагласи Пендаровски, додавајќи дека од интерес на нашата држава е македонските пронаоѓачи да го најдат своето место во нашите научни и образовни институции и стопанските субјекти.

На меѓународните изложби „МАКИНОВА 2019“ и „ЕКОНОВА 2019“ пријавени се 113 учесници од кои 75 од Северна Македонија и 38 учесници од Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Бугарија, Република Српска и Словенија.

Изложбата на пронајдоци, иновации, нови технологии и производи, технички унапредувања, индустриски дизајн, трговски марки и младинско-истражувачко и креативно творештво во Музејот на Град Скопје ќе трае до 10 ноември.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın