Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија рекордни 22 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.901 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 235.038 тестирања

Ekipa   | 25.10.2020
Во Северна Македонија рекордни 22 починати од Ковид-19 во изминатото деноноќие

СКОПЈЕ (АА) - Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 561 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 26.954, пренесува Агенција Анадолија (АА).


Министерството за здравство соопшти дека се починати 22 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 919.


Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 197 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата достигна 18.627.


Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.408.


Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.901 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 235.038 тестирања.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın