Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутник В“

Од рускиот производител, Северна Македонија обезбеди 200.000 вакцини, денешната испорака е 3.000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

Admir Fazlagic   | 07.03.2021
Во Северна Македонија пристигна првата пратка на руската вакцина „Спутник В“

СКОПЈЕ

Министерот за здравство на Република Северна Македонија Венко Филипче и амбасадорот на Русија во Северна Македонија Сергеј Баздникин, денеска на Меѓународниот аеродром во Скопје ја пречекаа првата пратка од вакцината против коронавирусот (Ковид-19), на рускиот производител „Спутник В“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Како што соопшти Министерството за здравство на Северна Македонија, министерот Филипче изрази благодарност до амбасадорот за неговиот личен ангажман за овие дози, што побрзо да стигнат во земјата. Од рускиот производител, РСМ обезбеди 200.000 вакцини, денешната испорака е 3.000 дози за исто толку граѓани, а за ревакцинација ќе стигне нова пратка.

„Ние ќе ја продолжиме нашата интензивна комуникација со цел да се организира и динамиката на доаѓањето на следните количини. Вкупно нарачани се 200.000 дози, станува збор за вакцини коишто се различни во делот на вакцинација и ревакцинација, што значи дека сите овие 3.000 дози ќе се користат за прва вакцина. Продолжува процесот на имунизација во дел на здравствени работници и според индикацијата на граѓани како што е тоа предвидено во Националниот план за имунизација", изјави Филипче.

Амбасадорот Баздникин рече дека вакцината „Спутник В“ е безбедна и ефикасна и истакна дека вакцината ќе биде вредно оружје во борба против ковид пандемијата.

„Со Република Северна Македонија, вакцината е регистрирана во 46 земји во светот, вклучувајќи неколку држави во ЕУ. Сега е во тек во забрзана постапка во Европска Агенција за Лекови за да ја испитува делотворноста на вакцината врз основа на резултати од досегашите лабораториски испитувања и истражувања. Во СЗО се разгледува барањето за „Спутник В“ да се вклучи во листата на лекови одобрени од СЗО да се користи во вонредни ситуации", рече Бездникин.

Имунизацијата ќе продоложи да се одвива согласно Националната стратегија за имунизација објасни министерот Филипче. Вакцината од производителот „Спутник В“ се чува на -20 степени, а истата е сместена во Поликлиниката Јане Сандански во Скопје.

Потсетуваме, на 17 февруари во Северна Македонија, на Клиниката за инфективни болести во Скопје започна процесот на вакцинација, со кој ќе бидат опфатени 260 медицински лица. Вакцинацијата се одвива со вакцините од производителот „Фајзер", кои Србија и ги отстапи на Северна Македонија. Вкупната бројка на дози испратена од Србија во РСМ изнесува 8.190 дози вакцини.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.