Балкан, Коронавирус

Во Северна Македонија евидентирани 572 новозаразени, 30 починати од Ковид-19

Институтот за јавно здравје регистрира 694 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 165.077

Ekipa   | 14.09.2021
Во Северна Македонија евидентирани 572 новозаразени, 30 починати од Ковид-19

СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 572 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 184.277, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во истиот период пријавени се 30 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 6.307.

Институтот за јавно здравје регистрира 694 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 165.077.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 e 12.893.

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 4.511 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.229.600 тестирања.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın