Балкан

Во Националниот парк „Крка“ пронајдени телата на јужнокорејски туристи

- Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека денес смртно настрадале маж на педесетгодишна возраст и девојка на дваесетгодишна возраст, двајцата државјани на таа земја

Ekipa   | 12.08.2019
Во Националниот парк „Крка“ пронајдени телата на јужнокорејски туристи Foto: Arhiva / AA

ЗАГРЕБ

На подрачјето на Скрадиски бук, во Националниот парк „Крка“, во саботата попладне на длабочина од неколку метри пронајдени се две безживотни тела, а денес е потврдено дека станува збор за туристи од Јужна Кореја, пренесува Anadolu Agency (AA).

Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја соопшти дека денес смртно настрадале маж на педесетгодишна возраст и девојка на дваесетгодишна возраст, двајцата државјани на таа земја.

Јужнокорејското Министерство наведува дека нивната националност е потврдена врз основа на личните предмети.

Туристите настрадале на место на кое бањањето е дозволено, а наводно ги открило лице кое нуркало со маска. Како што пренесуваат хрватските медиуми, најверојатно станува збор за татко и ќерка кои на речното дно се држеле за рака.

Хрватската полиција засега нема доволно податоци со кои би излегла во јавноста, а во тек е истрага за откривање на причините поради кои дошло до смртта на јужнокорејските туристи.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.