Балкан, Коронавирус

Владата на Северна Македонија со ново дополнение на забраната за движење

Одлуката се однесува на забраната за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела, од 16:00 часот до 05:00 часот наутро

Husamedin Gina   | 25.03.2020
Владата на Северна Македонија со ново дополнение на забраната за движење

СКОПЈЕ (АА) – Владата на Република Северна Македонија на вечерашната седница донесе одлука за измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на деновите на викендите, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Одлуката се однесува на забраната за движење во деновите на викендот, односно сабота и недела, од 16:00 часот до 05:00 часот наутро.

На предлог на Комисијата за заразни болести, и по заклучок на Главниот координативен кризен штаб за целосна координација за спречување на внесување и ширење на коронавирусот (Ковид-19), Владата донесе одлука измени и дополнувања на забраната на движење на целата територија на Република Северна Македонија за време на викендите.

„Со овие измени и дополнувања забраната за движење во деновите на викендот, односно во сабота и недела, ќе започнува во 16:00 часот и ќе трае до 05:00 часот. Сите јавни установи и приватни компании што работат за време на викенд, треба да се прилагодат на новите ограничувања за движење и да го завршат работниот процес најдоцна до 15:00 часот“, се нагласува во соопштението од Владата.

Исто така се истакнува дека сите претходно донесени забрани и ограничувања, остануваат во сила.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın