Балкан

Бозкир, претседателот на 75. Генерално собрание на ОН, го поздрави Договорот за прекин на огнот во Кашмир

- Претседателот на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), Волкан Бозкир, истакна дека го поздравува Договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Индија и Пакистан на линиите на раздвојување во Кашмир

Emel Gözellik   | 26.02.2021
Бозкир, претседателот на 75. Генерално собрание на ОН, го поздрави Договорот за прекин на огнот во Кашмир

АНКАРА

Претседателот на 75. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), Волкан Бозкир, истакна дека го поздравува Договорот за прекин на огнот постигнат меѓу Индија и Пакистан на линиите на раздвојување во Кашмир, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Бозкир на својот профил на Твитер се осврна на Договорот за прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан.

Наведувајќи дека го поздравува Договорот за прекин на огнот меѓу Индија и Пакистан, Бозкир рече:

„Заложбата што тие ја прогласија за постигнување одржлив мир со решавање на меѓусебните основни прашања и проблеми претставува пример за другите земји.“

Индија и Пакистан договорија апсолутно почитување на прекинот на огнот на линиите на раздвојување во Кашмир, како и почитување на сите договори и спогодби.


- Проблемот во Кашмир

Кризата во Кашмир датира уште од 1947 година, кога Велика Британија го напушти тоа подрачје без да го реши статусот на регионот. Муслиманите сочинуваат 90 отсто од популацијата на Кашмир, а по повлекувањето на Британците побараа тој регион да се припои кон Пакистан.

Тогашниот гувернер, сепак, одлучи Кашмир да го припои кон Индија. Од добивањето независност од Британија во 1947 година, Џаму и Кашмир имаше привилегиран статус со кој можеше да донесува сопствени закони.

Пакистан и Индија во 1947 година влегоа во првата војна за Кашмир, а потоа повторно војуваа во 1965 и 1999 година.

Индија контролира околу 45 отсто од Кашмир, Пакистан околу 35 отсто, додека Кина 20 отсто. Индискиот дел е наречен Џаму и Кашмир и денес е единствената доминантно муслиманска сојузна територија во Индија.

Со одлуките на Советот за безбедност на ОН, донесени од 1948 година досега, се предвидува демилитаризација на Кашмир, а неговата иднина да се утврди со референдум.

Додека Индија искажува став против референдум, Пакистан е за спроведување на резолуциите на ОН.

Индиските власти на 5 август 2019 година го укинаа специјалниот статус на регионот Џаму и Кашмир, отповикувајќи го членот 370.

​​​​​​​

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın