Балкан

БиХ: Мигрантите во импровизираниот камп во Велика Кладуша ја дочекуваат зимата во тешки услови

Околу 200 бегалци кои не сакаат сместување во Приватниот центар „Бориќи“, направија камп во кој нема основни услови за живот, но не сакаат да го напуштат

Amar Mehic   | 14.10.2021
БиХ: Мигрантите во импровизираниот камп во Велика Кладуша ја дочекуваат зимата во тешки услови Фото: Amar Mehić/AA

ВЕЛИКА КЛАДУША (АА) – Во шаторскиот камп за бегалци во Велика Кладуша, Босна и Херцеговина, без основни услови за живот престојуваат повеќе од 300 бегалци, меѓу кои најголем број се семејства со деца. Главно тоа се бегалци од Авганистан кои не сакаат да се вратат во својата татковина, но не сакаат ни во Приватниот центар „Бориќи“, бидејќи настојуваат да бидат блиску до границата со Република Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).

„Сакам да одам во Италија или Белгија, семејството ми е во Авганистан, но во Европа имам роднини и пријатели, тие ќе ми помогнат. Овде сум три месеци и секој ден ми е сѐ потешко, бидејќи е ладно“, вели Абдулах од Авганистан.

Слично размислува и неговиот сонародник Хасан.

„Имаме право на подобар живот и на исполнување на нашиот сон. Затоа го напуштивме Авганистан, каде што по доаѓањето на талибанците на никого не му беше добро“, рече Хасан од Авганистан.

Иако самите направиле шаторски камп во Велика Кладуша, бидејќи не сакаат да престојуваат во „Бориќи“ во Бихаќ, велат дека условите во тој камп се тешки и дека стравуваат што ќе биде кога ќе дојде зимата.

„Немаме ништо. Спиеме на земја, од облека за деца правиме кревет, во еден мал шатор спијат шест деца и сѐ е мокро бидејќи постојано паѓа дожд“, објаснува Адија од Авганистан.

Оние кои престојуваат во импровизираниот камп се жалат дека немаат основни услови за живот.

„Јас сум тука со сопругот и со ќерка ми и многу ни е тешко. Јадеме што ќе ни донесат добрите луѓе и организациите, но не можеме да се бањаме, немаме ни тоалет“, вели Авганистанката Зехра и продолжи:

„Со нас овде е една баба со тригодишен внук и тешко се снаоѓа. Мајката успеала да ја премине границата и сега е во Загреб, а тие двајца се тука и се грижам за нив.“

Единствен приватен центар за семејства со деца во Унско-санскиот кантон е „Бориќи“ во Бихаќ. Во Приватниот центар „Липа“ во Бихаќ по отворањето ќе има посебен дел наменет за овие категории, во кои ќе можат да бидат сместени околу 400 лица.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın