Балкан

Белград: Вакцинирани велосипедисти од Северна Македонија пред меѓународна трка

„Задоволен сум и горд сум што се тука во Белград, не само велосипедистите од Србија, туку и од Република Српска и од Северна Македонија. Ова е продолжение на политиката која ја води Србија, штитиме меѓусебно“, истакна Весиќ

Bojana Stojanovic   | 08.04.2021
Белград: Вакцинирани велосипедисти од Северна Македонија пред меѓународна трка

БЕЛГРАД

Во Белград против коронавирусот се вакцинирани велосипедистите од Северна Македонија, Република Српска и од Србија пред Меѓународната велосипедистичка трка Белград - Бања Лука, која ќе започне на 22 април, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Заменик-градоначалникот Горан Весиќ, кој присуствуваше на имунизацијата на Белградскиот саем, наведе дека ова ќе им помогне на велосипедистите и за другите натпревари, и дека вакцинацијата ќе ја направи и претстојната трка безбедна, пренесе „Беоинфо“.

„Задоволен сум и горд сум што се тука во Белград, не само велосипедистите од Србија, туку и од Република Српска и од Северна Македонија. Ова е продолжение на политиката која ја води Србија, а тоа е дека освен што го вакцинира сопственото население, помага и на граѓаните на соседните држави, бидејќи на тој начин се штитиме меѓусебно“, додаде тој.

Директорот на трката, Владимир Кувања, наведе дека Србија е единствена земја во регионот која пружи можност да се вакцинира секој што сака.

Сергеј Максимовиќ, најдобриот велосипедист од босанскиот ентитет Република Српска, истакна дека вакцинацијата поминала одлично и му се заблагодари на Градот Белград и Србија кои пружиле можност таа да се изврши.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.