Балкан

Анкара: Поџиќ и Акар потпишаа Договор за воено-финансика соработка на БиХ и Турција

Акар го пречека Поџиќ во Министерството за одбрана во Анкара, а следуваше средба на двајцата министри како и состанок на делегациите.

Sarp Özer   | 03.03.2021
Анкара: Поџиќ и Акар потпишаа Договор за воено-финансика соработка на БиХ и Турција Foto: Arif Akdoğan - Anadolu Agency

АНКАРА

Официјалните претставници на Босна и Херцеговина и Турција потпишаа Договор за воено-финансиска соработка, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението на Министерството за одбрана на Република Турција, се наведува дека министерот за одбрана на таа земја, Хулуси Акар се состанал со министерот за одбрана на БиХ, Сифет Поџиќ.

Акар го пречека Поџиќ во Министерството за одбрана во Анкара, а следуваше средба на двајцата министри како и состанок на делегациите.

На состаноците е разговарано за соработката во полињата на одбрамбена индустрија, одбрана и безбедност.

Акар го честиташе Денот на независност на Босна и Херцеговина, а за време на разговорот е укажано на билатералниот однос заснован на долгогодишните историски врски, солидарност и доверба. Разговарано е и за значењето на активностите на јакнење на соработката меѓу Турција и БиХ и зголемување на воените обуки.

По состанокот министрите Акар и Поџиќ потпишаа Договор за воено-финансиска соработка и Имплементациски протокол за финансиска помош.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.