Балкан, Коронавирус

Албанија воведува двонеделен карантин за граѓаните од Северна Македонија и Грција

Техничкиот комитет на експерти на Албанија ја потврди новата мерка за спречување на ширењето на коронавирус (Ковид-19), која вклучува карантин за лица кои влегуваат во Албанија од две соседни земји, мерка што ќе стапи на сила од утре, 20 април

Fatjon Cuka   | 19.04.2021
Албанија воведува двонеделен карантин за граѓаните од Северна Македонија и Грција

ТИРАНА (АА) - Властите во Албанија одлучија да воведат двонеделен карантин за граѓаните што влегуваат во земјата од Северна Македонија и Грција, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Техничкиот комитет на експерти на Албанија ја потврди новата мерка за спречување на ширењето на коронавирус (Ковид-19), која вклучува карантин за лица кои влегуваат во Албанија од две соседни земји, мерка што ќе стапи на сила од утре, 20 април.

Раководителката на Техничкиот комитет на експерти, Мира Ракацоли, на онлајн конференцијата објавена на социјалните мрежи, истакна дека ситуацијата во Албанија значително се подобрува, но, според неа, во регионот ситуацијата е претставена поинаку.

Ракацоли истакна дека ова подобрување е резултат на навремено предложените мерки, според неа, „мерки кои секогаш се засноваат на анализа на бројките и секако од добрата соработка на граѓаните“. Таа додаде дека исто така започнале да се чувствуваат ефектите од масовната вакцинација

„За разлика од нашата земја каде што се забележува конзистентност на бројките, кај нашите соседи, особено во Северна Македонија и Грција, бројот на заболени е зголемен. Бројот на дневните случаи е зголемен, а во истовреме и бројот на починати. Со оглед на нашата локална состојба, почнувајќи од утре ќе се воведе двонеделен карантин за лицата кои доаѓаат од Северна Македонија и Грција до 3 мај оваа година“, рече Ракацоли.​​​​​​​

Во Албанија во моментов на сила се ограничувањата за движење на граѓаните и работата на рестораните од 22:00 до 06:00 часот наутро, забрана за масовни собири и онлајн настава на универзитетите.

Во Албанија во последните денови има тренд на опаѓање на смртните случаи и заразени со Ковид-19. Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија потврди дека од почетокот на пандемијата во Албанија се регистрирани вкупно 129.594 случаи на Ковид-19, од кои починале 2.342 лица, а 101.584 оздравеле.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın