Анализа на вести, свет

АНАЛИЗА: Причини и можни последици од тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија

Најголема осуда на неодамнешните ерменски напади пристигна од Турција, земја која испрати јасна порака на поддршка на Азербејџан, а која на крај би можела да ја измени рамнотежата на силите во тоа геополитичко трусно подрачје

Araz Aslanlı   | 17.07.2020
 АНАЛИЗА: Причини и можни последици од тензиите меѓу Азербејџан и Ерменија

ИСТАНБУЛ

- Араз АСЛАНЛИ

Нападите што војската на Ерменија ги изврши со тешко оружје врз азербејџанскиот регион Товуз се наметнува како една од главните теми на меѓународната сцена и уште еднаш е причина за дебати околу можните сценарија за избивање на регионална војна.

Ерменските сили на 12 јули започнаа да изведуваат напади на позициите на азербејџанската војска и населението на Товуз, а азербејџанската страна возврати врз пограничните позиции на ерменската војска. И двете страни соопштија дека претрпеле сериозни загуби, а за првпат во судирите загина и еден генерал на азербејџанската војска.

Претседателот на Азербејџан, Илхан Алиев, свика седница на Советот на национална безбедност на земјата и седница на Владата, упатувајќи важни пораки и предупредувања кон ерменската страна.

Најголема осуда на ерменските напади пристигна од Турција. Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган и шефот на турската дипломатија, Мевлут Чавушоглу, ги осудија ерменските напади и го повикаа ерменскиот окупатор да се повлече од азербејџанската територија која нелегално ја држи под окупација. Ердоган и Чавушоглу порачаа дека Турција во потполност е покрај братскиот Азербејџан и дека е подготвена сите свои ресурси да ги употреби за потребите на одбрана на Азербејџан и неговата територија. Токму тие изјави потенцијално би можеле да ја изменат рамнотежата на силите во тоа кризно подрачје.

Властите на Русија изразија загриженост поради новите тензии на ерменско-азербејџанската граница и повикаа на почитување на мирот. Официјална Москва порача дека е подготвена да ја преземе улогата на посредник во преговорите. САД, Велика Британија и други земји од развиениот Запад повикаа на намалување на тензиите и воздржување од нови потези кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата. Пакистан испрати порака на поддршка на Азербејџан и ги осуди ерменските напади. Украина и Молдавија повикаа на смирување на ситуацијата и нагласија дека е неопходно да се сочува територијалниот интегритет на Азербејџан, да се имплементираат сите четири резолуции на Советот за безбедност на Обединетите нации кои предвидуваат повлекување на ерменските сили од окупираните азербејџански територии. Министерството за надворешни работи на Ерменија поради таа порака го повика на разговор украинскиот амбасадор во Ереван.

Иранските власти во првата реакција по ерменскиот напад изразија жалење поради настраданите лица и повикаа на поништување на примирјето. Меѓутоа, по разговорот со шефовите на дипломатијата на двете земји, Иран испрати јасна порака на поддршка на Азербејџан.

Обединетите нации, Европската Унија, Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ), НАТО и Организацијата на Договорот за колективна безбедност изразија загриженост поради кршењето на примирјето на ерменско-азербејџанската граница. Иако е нејзина постојана членка, Ерменија не доби јасна поддршка од Организацијата на Договорот за колективна безбедност. Организацијата за исламска соработка (OIC) испрати јасна порака за поддршка на Азербејџан и ги осуди ерменските напади.

- Судирите на фронтот никогаш не престанаа

Различни се толкувањата на причините кои доведуваат до судири на ерменско-азербејџанската граница. Актуелните судири не се изненадување за оние кои го знаат минатото на тие односи и процесот на воспоставувањето на примирјето. Познато е дека Ерменија (со вооружена, финансиска и дипломатска поддршка на терористичката организација АСАЛА) поподготвена влезе во војната и окупираше близу 20% од територијата на Азербејџан. Меѓународните организации, на чело со Советот за безбедност на ОН, усвоија низа одлуки со кои се осудува ерменската окупација и се бара итно повлекување на ерменските сили од азербејџанската теротирија. Меѓутоа, Ерменија никогаш не стори ништо во согласност со тие одлуки, како што не го почитуваше ниту примирјето кое е договорено во мај 1994 година. Ерменија беше уверена дека со постојани напади може под притисок да го држи Азербејџан и со помош на Русија да ги осуети азербејџанските обиди за ослободување на окупираните региони. Речиси сите сили кои имаат влијание во тој регион ја користеа таа криза за остварување на сопствените интереси. Ерменската окупација на азербејџанската територија, попозната како окупација на Нагорно Карабах, стана еден од бројните проблеми кои на територијата на некогашниот Советски Сојуз важи за замрзнато прашање.

Меѓутоа, по примерот на руската интервенција во Грузија во 2008 година, на сите им стана јасно дека тоа не се замрзнати прашања, туку дека и понатаму претставуваат голема безбедносна опасност во регионот. Од различни адреси е најавено дека ќе бидат интензивирани напорите за решавање на тие проблеми. Со посредство на Русија, во ноември 2008 година во Москва е потпишан и документ на кој потпис стави и официјална Москва, а според кој требаше да се гарантира почитувањето на примирјето. Меѓутоа, примирјето е прекршувано и во текот на самото потпишување и веднаш по самиот тој чин.

Мировните преговори се одржаа во јуни 2010, август 2014, ноември 2014, декември 2015 година, и во уште некои други периоди, но секој период беше сцена на нови конфликти и големи жртви од двете страни и причина за дебати за можно избивање на голема војна во тој трусен геополотички регион.

По секое зголемување на тензиите, ситуацијата се враќаше на претходната ситуација. Најголемите ерменско-азербејџански судири по потпишувањето на примирјето од 1994 година се случија во април 2016 година. Жестоко одговарајќи на ерменските провокации, азербејџанската армија ослободи дел од окупираните територии и за првпат во речиси тридецениските судири се стекна со психолошка предност во однос на противникот кој забележа големи загуби. Тоа ја вознемири Ерменија и нејзините сојузници.

Може да се каже дека судирите никогаш не престанаа ниту по потпишувањето на Мировниот договор од 1994 година. Страните меѓусебно се обвинуваат за кршење на примирјето и се обидуваат да стекнат што подобра позиција пред евентуален расплет на ситуацијата. Тоа особено се забележува на примерот на Азербејџан, кој денес е економски, воено и на секој друг начин во значително подобра положба отколку од положбата во која се наоѓаше во 90-тите години на минатиот век.

- Ерменија се обидува да го провицира Азербејџан

Азербејџанските власти тврдат дека ерменската окупација на Нагорно Карабах и седум други соседни региони е спротивна на меѓународните норми и неодржлива од аспект на сегашната економска, воена и политичка моќ на двете земји.

Азербејџан има право во согласност со членот 51 од Повелбата на ОН да започне операција на самоодбрана и ослободување на окупираните региони.

Ерменија таквиот расплет на ситуацијата го смета за исклучително ризичен и сака да ги запре крупните развојни чекори на Азербејџан, така што би испровоцирала војна во која би се вклучила и Русија. Последните ерменски напади се изведени во регионот Товуз, а цел на нападите беше нов обид за провокација на Азербејџан.

Најновите кршења на примирјето на ерменско-азербејџанската граница се дефинирани како обид на Ерменија да го надомести загубеното од судирите во 2016 година, но и како последица на внатрешнополитичките превривања во Ерменија, обид на власта вниманието на јавноста да го сврти од економијата која е во стагнација и последиците на надворешнополитичката криза.

Проблемот со Нагорно Карабах е исклучително комплициран и Русија е единствен виновник за избивањето на тој проблем. Во контекст на актуелната ситуација и неуспехот на мировниит процес, важно е да се укаже на поддршката што Русија ѝ ја дава на Ерменија во преговорите.

Оваа криза за Русија е важен инструмент на сочувување на влијанието на Кавказ и затоа можеби и сака решавање на кризата, што би значело губење на тој инструмент. Има неколку фактори кои ја намалуваат можноста за избивање на регионална војна, меѓу кои се и фактите дека Азербејџан не сака војна во која би учествувала Русија, но и фактот дека ниту Русија покрај низата проблеми, не би сакала да додаде нов судир на Кавказ.

- Решителноста на Турција може да го смени балансот на силите

Со активно ангажирање околу прашањето за Нагорно Карабах и конкретните реакции на Турција се појави нов ризик за окупаторот Ерменија, нејзините сојузници и странските сили кои во актуелната, ниту мирнодопска, ниту воена атмосфера ги гледаат своите интереси. Шефот на турската дипломатија, Чавушоглу, кон крајот на јуни изјави дека Турција ќе го прифати и поддржи секое решение кое Азербејџан ќе го предложи за Нагорно Карабах. Такви и уште појасни пораки на поддршка на Азербејџан упати и турскиот претседател Ердоган, и бројни други високи претставници на Турција.

Во тој контекст, во голема мерка се сменија економските, воените и политичките сили меѓу Азербејџан и Ерменија во корист на Ерменија, а одлучноста на Турција, нејзината активна воена политика и изјави би можеле да ја сменат рамнотежата на силите во регионот.

Проблемот на ерменската окупација за странските сили со регионални влијанија до неодамна претставуваше можност за остварување на интересите, но сега претставува и голем ризик. Ситуацијата која не е ниту мир ниту војна повеќе не е така посакувана опција за тие странски сили. Во случај на избувнување војна меѓу Азербејџан и Ерменија би дошло до значително поголемо ангажирање на регионалните сили, како што се Русија, Турција и Иран, и тоа би било поинаков ангажман во однос на Сирија и Либија. Токму тоа би можело да биде клучен фактор за забрзување на процесот за решавање на прашањето за Нагорно Карабах.

Анализата за ерменско-азербејџанскисте судири за АА ја напиша Араз Аслани, директор на Центарот за стратешки истражувања и меѓународни односи на Кавказ (QAFSAM).

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın