Анализа на вести

Француските проблеми околу геноцидот во Руанда продолжуваат

- Стратешкото извинување на Франција не дава назнаки на вистинска вина, но има потенцијал да ја унапреди репутацијата на Франција како земја доволно храбра да се соочи со своето минато

Dr. Yaşar Demir   | 26.06.2021
Француските проблеми околу геноцидот во Руанда продолжуваат Фото: Илустрација / АА

Пишува:

Јашар Демир


- Јашар Демир докторира во 2010 година на Универзитетот во Стразбур со дисертација за тоа како Хатај станал турска област и за француската политика кон Левант. Автор е на две книги „Француската политика кон Левант“ (Fransa’nın Yakındoğu Politikası) и „Сирија и Хатај“ (Suriye ve Hatay).


ИСТАНБУЛ (АА) - По завршувањето на фазата на модернизација и преминувањето во постколонијализам, колонијализам, примарната парадигма под која дејствува француската држава, изгледа дека создаде катастрофални ефекти во поглед на човековата историја. Франција влезе во историјата како причина за масакрите врз еден милион луѓе во Руанда, каде што се постави за да го заштити своето социјално-економско постоење во Централна Африка.

Се чини дека долгогодишните жестоки расправи помеѓу политичарите, интелектуалците, уметниците и многу невладини организации во и надвор од Франција достигнаа точка во која имаат влијание. Првпат францускиот претседател изречно призна дека се случи геноцид во Руанда. Пред да преминеме детално на ова, важно е да ги освежиме сеќавањата на врската на Франција со Руанда и на настаните кои следуваа.

Во Руанда постоеја три главни племиња: Хуту (мнозинство), Тутси и Пигмеи. Со појавата на западњаците во регионот, Руандијците, кои беа фундаментално обединети во поглед на расата и културата, однесени се во неповратна политичка и социјална ситуација. Германците први основаа колонија во Руанда во 1890 година. Во земјата, која на Белгијците им е дадена по Првата светска војна, поттикнат е внатрешен судир поради значења кои се намерно донесени во врска со племенската култура, иако беа луѓе од иста нација. За таа цел, поддржани се малцинските Тутси.


- Преземање на власта

И покрај тоа што беа малцинство, Тутсите ја контролираа земјата, бидејќи им било всадено верувањето дека се угледни, снаодливи, физички посилни и поубави. Припадниците на мнозинското племе Хуту, од друга страна, третирани се како лица од втор ред. За резултатот, се развија големи социјално-културни и општествено-политички поделби помеѓу двете племиња. Овој процес продолжи сѐ до периодот по Втората светска војна. Белгијците, кои претходно беа доминантна сила во регионот, нагло се предомислија и наместо тоа почнаа да го поддржуваат племето Хуту, провоцирајќи ги против доминантните Тутси. Потоа, во атмосферата разорена со судири признаена е независноста на земјата, а изборите се одржани во 1962 година под покровителство на Обединетите нации. Партијата на движењето за ослободување на племето Хуту (Пармехуту) е избрана на изборите. Со авторитетот кој произлезе од победата на изборите, започнати се нападите врз Тутсите, кои некогаш беа посилни во општествено-политичка смисла. Како резултат на тоа, заклани се 160.000 Тутси.

На Тутсите кои сочинуваа 9 отсто од населението, не им остана речиси никаков животен простор. Треба да се напомене, Белгијците, кои беа зафатени со експлоатација на земјата додека се одвиваше сето тоа, не се мешаа во судирите и останаа набљудувачи.

Исто така, треба да се напомене дека и помеѓу Тутсите имаше борба за моќ. Всушност, Јувенал Хиаримана, припадник на племето Хуту, ја презеде власта со пуч во 1973 година. Меѓутоа, ситуацијата на Тутсите не се смени. Како резултат на тоа, многумина од Тутсите се засолнија во соседните земји, особено во Уганда, и од таму ја продолжија својата борба. Во тој момент избувнаа вооружени и крвави судири помеѓу двете племиња, а животот во Руанда застана. Исто така, треба да се напомене дека Британија беше присутна во Уганда. Иако, кога ќе се разгледа развојот на настаните на терен, се чини како да се бореа припадниците на Хуту кои ги поддржуваше Белгија и Тутсите, кои ги поддржуваа Британците, во реалност немаше таква тензија помеѓу двете земји во Руанда; напротив, ставот на Белгија и Британија беше таков што се чинеше дека дејствуваат во таен договор.

Пукањето во авионот во кој беше претседателот Јувенал Хабиарман на 6 април 1994 година, го започна ланецот на настаните кои колењето го претворија во геноцид. Според достапни информации, во месеците кои следуваа убиени се помеѓу 800.000 и милион Тутси. Убивањето на најмачниот и најгнасен можен начин стана ценет став на племето Хуту. Дури и невладините организации, цркви и организации за помош во Руанда, обвинети се дека се вмешани во злосторствата.

Да ја разгледаме сега улогата на Франција во геноцидот во Руанда. Како резултат на размислувањето кое Африка ја смета за своја, Франција ја поддржа сегашната руандска администрација соработувајќи со неа на воено поле во 1975 година. Нивните билатерални односи и понатаму се развиваа и достигнаа сериозно ниво во текот на 1990-тите, кога Франција ја замени Белгија. Руандската војска беше вооружена со француско оружје. И со тоа оружје, врз Тутсите беше направен општ геноцид.

Треба да се напомене и дека одредени луѓе во Франција реагираа на масакрите кои припадниците на Хуту ги вршеа врз Тутсите. Жан Варет, кој тогаш беше војник, отворено говореше за инцидентите во текот на телевизиско интервју во март 2019 година [1]. Пензионираниот генерал рече дека е погрешна воената поддршка дадена на припадниците на Хутуите и дека недолжни луѓе се брутално убиени со тоа оружје, и додаде дека на тоа го предупредил Францускиот генералштаб, кој не сакал ниту да го сослуша. Значајно е, но и интересно дека некои воени функционери на високо ниво наводно се обиделе да го отстранат од таа функција. Како резултат на тоа, по наредба на тогашниот социјалистички претседател Франсоа Митеран, Франција наводно се обидела да се вмеша во масакрите во воената операција „Turquoise“.

Меѓутоа, овој потег на Франција уште ги разгневи припадниците на племето Хуту, и покрај фактот што не ги запре злосторствата. Всушност, изнесени се сериозни наводи дека извршителите ги штитела француската власт, што резултира со поднесување тужби.

Постојат и сериозни признавања за ставот кој го зазеде Франција. На пример, Бернар Кушнер, кој тогаш беше министер за здравство на Франција, тврди дека го познавал претседателот Митеран и го известил за оваа ситуација, но претседателот го прекинал со констатација дека „претерува“. Зошто Франција остана тивка за геноцидот во Руанда, и понатаму бара објаснување. Во конечна анализа, заснована на достапни информации, Хутуите се франкофонски народ и неретко се сметаат за франкофили. Може да се расправа дали Франција барала консолидација на своето влијание во тој регион. Од една страна, Тутсите беа поддржани од Британците. Кога се фокусираме на тие две точки, можеме да заклучиме дека милион луѓе се масакрирани како резултат на древното француско-британско ривалство кое се одвиваше во невина земја како Руанда, газејќи ги сите човечки вредности. Како што гледаме, постколонијализмот и понатаму е извор на угнетување и несреќи во Африка.

Доколку сакаме да знаеме дали во Руанда се случи геноцид или не, треба да ја погледнеме дефиницијата во меѓународното право. Поимот „геноцид“ е комбинација на зборовите „genos" („раса“ на грчки) и „cide" („да се убие“ на латински). Поимот кој го создаде полскиот историчар Рафаен Лемкин во 1933 година, „геноцид“, значи „биолошко и културно уништување на националните, етничките, расните или верските групи“. Овој концепт, на кој светот го сврте вниманието со воените злосторства кои ги извршија нацистите во Втората светска војна, усвоен е, како што е горе опишано, на состанокот на Генералното собрание на Обединетите нации одржан на 9 декември во 1948 година и одредбите кои треба да се применат во врска со тоа се едногласно прифатени [2].


- Геноцидот во Руанда повторно на агенда

Во изминатите години често се тврдеше дека Франција беше соучесник во геноцидот против Тутсите. Како резултат на тоа, луѓето почнаа да тврдат дека Франција би требало да се извини за својата колонијална историја. За првпат претседателот Макрон основаше комисија, со која претседаваше историчарот Винсент Даклер, детално да го истражи ова прашање. Целта беше утврдување на положбата на Франција во текот на геноцидот во Руанда. Извештајот на крајот е објавен и ако некои го сметаа за позитивен развој на настаните, примен е со негативни повратни информации на проколонијалистичките политичари. И покрај неактивното вршење на геноцидот, Франција е идентификувана како соучесник во извештајот поради поддршката на Хутуите и военото присуство во регионот додека се одвиваше геноцидот. Конечно, претседателот Макрон иницира нова дебата, изјавувајќи дека ја поддржува идејата за извинување и соочување со колонијалното минато на земјата.

Меѓутоа, од клучна важност е да се објасни зошто се одлучи на таквата стратегија. Според нашата анализа, социјално-економски гледано, Франција се соочува со сериозна загуба на земји во Африка од 2000-тите. Тоа го потврдуваат и моменталните економски показатели. Африканците, исто така, сакаат културно опкружување во кое нивните билатерални врски би можеле рамноправно да цветаат и да работат на искоренувањето на остатокот на колонијалната култура. Иако постои неизвесност во поглед на обемот на експлоатацијата која е во тек против нивната волја, тие конечно настојуваат да ги искористат ресурсите на своите земји за свој интерес. Тоа, секако, би имало негативно влијание на регионалното влијание на Франција. Се чини дека Франција се обидува да ги поправи оградите со Африканците во својот најнов потег со отстранување на минатите прашања како геноцидот, трагедиите и експлоатациите, како и плаќањето надоместок. Руанда е очигледно прв сериозен чекор во тој правец.

Дури и кога Франција би им се извинила на Тутсите, владеењето на Хутуите би останало непроменето, а оние кои масакрирале милиони луѓе, на некој начин би биле ослободени со ова извинување. Всушност, постои неизвесност околу тоа какви санкции би им се наметнувале на убијците или колкав би бил надоместокот за жртвите. Како резултат, администрацијата на Хутуите би стапила во нов сојуз и би соработувала со Франција, која би ги ослободила, и би ја зазела својата положба во современиот свет. Така, Франција би ја изразила својата „благодарност“ со извинување (со извесен потенцијален надоместок), истовремено одржувајќи го растечкото антифранцуско чувство низ Африка како нов покровител на племето Хуту.

Конечно, на 27 мај, господинот Макрон беше во престолнината на Руанда, Кигаили, за да се извини за геноцидот. Меѓутоа, неговиот речник беше далеку од каква било вина, само им требаше да признаат дека Франција била запоставена во текот на масакрот. Како резултат, Франција можеше да се извини само затоа што не успеа да ги спречи настаните и ги негира обвинувањата дека учествувала во геноцидот [3]. Секако, Франција нема да се соочи со никакви осуди; напротив, со преземањето на оваа акција, Франција ќе може да стекне репутација низ светот како земја која покажала храброст да се соочи со своето минато. Всушност, честото нагласување на господинот Макрон на свртување нова страница во неговиот говор ги поддржува горенаведените ставови.


Превод од турски јазик: Џан Аталај

* Мислењата изнесени во текстот му припаѓаат на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА).


[1] https://www.franceinter.fr/monde/genocide-au-rwanda-la-faute-de-la-france.

[2] Verda Neslihan Akün, Milletlerarası Mahkeme İçtihatlarında Jenosid, İstanbul Üniversitesi Sosyal Bilimler Enstitüsü Kamu Hukuku Anabilim dalı, Yüksek Lisans Tezi, İstanbul, 2003.

[3] https://www.lemonde.fr/afrique/article/2021/05/27/a-kigali-emmanuel-macron-espere-le-don-du-pardon-de-la-part-des-rescapes-du-genocide_6081711_3212.html



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın