Анализа на вести

Турција добива клучна позиција во енергетската безбедност на Европа

- Покрај Бугарија, и Северна Македонија и Грција започнаа да добиваат гас од оваа линија во 2020 година, а напролет, оваа 2021 година, рускиот природен гас ќе почне да го добива Унгарија, а потоа и Словачка.

Prof. Dr. İlyas Kemaloğlu   | 14.01.2021
Турција добива клучна позиција во енергетската безбедност на Европа Фото: Џелал Ѓунеш / AA

ИСТАНБУЛ 

- Илјас КЕМАЛОГЛУ

На крајот на минатата и во почетокот на 2021 година дојде до значаен развој на настаните во областа на енергетиката. Сепак, овие случувања беа засенети од настаните како што се процесот на Азербејџан за ослободување на своите територии окупирани од Ерменија (Втората војна за Карабах), потоа претседателските избори во САД и борбата против новиот вид коронавирус (Ковид-19). Затоа, да видиме кои се случувањата што можат да влијаат на Евроазиската енергетска мапа во периодот што претстои.

На 1 јануари 2021 година, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека Србија преку „Балкански тек“, кој е балканската гранка на „Турски тек“, започна да добива руски гас. На тој начин, точно една година откако Бугарија од 1 јануари 2020 година започна да добива руски гас преку „Турски тек“, и Србија започна да добива руски гас преку оваа линија; дури оваа линија преку Србија беше продолжена до Унгарија. Секоја година преку балканската гранка на „Турски тек“ ќе бидат транспортирани 15,8 милијарди кубни метри руски природен гас.

Покрај Бугарија, и Северна Македонија и Грција започнаа да добиваат гас од оваа линија во 2020 година, а напролет, оваа 2021 година, рускиот природен гас ќе почне да го добива Унгарија, а потоа и Словачка. Од оваа линија Бугарија ќе користи 3,5 милијарди кубни метри гас годишно, Србија - 2,5 милијарди кубни метри гас, Унгарија - 6 милијарди кубни метри и Австрија - 3,75 милијарди кубни метри гас. Затоа, покрај извозот на гас во Европа преку постоечкиот руски гасовод, започнувањето на транспортот преку „Турски тек“, ќе ја намали потребата на Русија својот гас да го транспортира преку Украина, со која често има недоразбирања во областа на енергетиката.

Причини зошто балканските земји, па дури и Австрија, се вклучени во овој проект:

Европската Унија (ЕУ) под притисокот на САД не постигна некаков резултат во изнаоѓањето алтернатива за рускиот гас, а во исто време, гасот што доаѓа преку оваа линија е поевтин во споредба со цената на гасот што доаѓа од Украина.

На пример, Србија плаќа околу 240 долари за 1.000 кубни метри гас што доаѓа преку Украина, додека цената на природниот гас преку балканската гранка на „Турски тек“ ќе чини 170 долари. Од тој аспект, обезбедувањето на протокот на природен гас на Балканот преку „Турски тек“, благодарение на двата важни столба на проектот што ги претставуваат Русија и Турција, се чини дека е од интерес на балканските земји, со цел исполнување на потребите за природен гас.


- Азербејџански природен гас за првпат во Европа преку директна линија

На 1 јануари 2021 година се случи уште еден развој на настаните кој одблизу ја засега Турција. Истиот ден преку балканската гранка на „Турски тек“ беше започнат уште еден транспорт на гас во Европа преку друга линија.

Природниот гас од наоѓалиштето Шахдениз 2 во Азербејџан беше испорачан на европскиот пазар преку Трансанадолскиот гасовод за природен гас (ТАНАП) и неговиот наследник, Трансјадранскиот гасовод (ТАП). Овие два гасоводи беа поврзани на церемонијата одржана на 30 ноември на која учествуваа турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев. Така, за првпат во историјата, азербејџанскиот гас директно преку гасовод е пренесен во Европа.

Со оваа линија, Азербејџан годишно ќе извезува 10 милијарди кубни метри гас во Италија преку линијата што поминува низ Грција, Албанија и Јадранското Море. Капацитетот на гасоводот може да се зголеми на 20 милијарди кубни метри годишно. Во исто време, Турција од ТАНАП за сопствени потреби ќе зема 6 милијарди кубни метри гас. Реализацијата на овој проект е од големо значење и за Азербејџан и за Турција. Турција од една страна ја намалува својата зависност од увозот на гас од Русија и во исто време ја зголемува бројката на снабдувачи на енергија (при што во првата половина од 2020 година, Русија падна на петто место меѓу земјите што увезуваат во Турција), а од друга страна, таа добива клучна позиција во енергетската безбедност на Европа, благодарение на гасоводите што минуваат низ нејзината територија. Ваквата ситуација несомнено ќе претставува финансиска корист за Турција, а во исто време ќе ја зајакне позицијата на Анкара во односите со ЕУ.

Транспортот на азербејџанскиот гас до Европа преку гасоводот е несомнено важен бидејќи во исто време им дава на страните шанса да преговараат за цената со Русија.

Сепак, можеме да кажеме дека на краток и среден рок ќе продолжи енергетската доминација на Русија во Европа. Дури и ако капацитетот на ТАП се зголеми на неговиот максимум, тоа количество би претставувало само 10% од вкупниот гас што рускиот гигант „Гаспром“ го извезува преку неколкуте гасоводи.

На пример, во 2019 година, Русија, во Европа извезе 200 милијарди кубни метри гас, вклучувајќи ја тука и Турцијa.

Иако факторите како што се негативното влијание на Ковид-19 врз економијата, исполнувањето на подземните резервоари за гас од страна на европските земји како превентива наспроти можните кризи и зголемената употреба на компресиран гас од страна на некои земји, се причина за намалување на споменатото количество во 2020 година, сепак, интересот и за ТАП и за балканската гранка на „Турски тек“ посочува дека количеството гас што треба да се увезува преку гасоводите повторно ќе се зголеми во наредните години. Во исто време, во 2020 година намален е и увозот на компресиран гас и се предвидува тоа дополнително да се намали во наредните години. Поради тоа, и покрај некои негативни статистички податоци, Москва продолжува да работи на реализација на проектот „Северен тек-2“, со капацитет од 55 милијарди кубни метри, и покрај проектите што се актуелни последните години.


- Дилемите на енергетската политика на САД

Иако е завршен најголемиот дел од гасоводот што ќе ги поврзува Русија и Германија преку Балтичкото Море, на овој проект, покрај САД, кои сакаат да го дистрибуираат својот компресиран гас на европскиот пазар, се спротивставуваат и Украина и неколку други земји, кои не сакаат повеќе да ја губат својата транзитна позиција. Особено најавата на САД дека ќе воведе санкции за европските компании кои ќе учествуваат во проектот „Северен тек-2“, го пролонгира завршувањето на проектот. Сепак, од една страна, зголемувањето на оние што го поддржуваат проектот, првенствено Германија, и од друга страна, неодамнешните случувања во САД кои укажуваат на тоа дека отсега натаму зборот на САД како во Европа, така и во остатокот од светот помалку ќе се слуша, се показатели дека и „Северен тек-2“ порано или подоцна ќе биде завршен.

Како што може да се види, потезите во областа на енергетиката претставуваат една од димензиите на надворешната политика на земјите. Проблемите меѓу Русија и САД на политичко поле се манифестираат и во областа на енергетиката. Покрај регионалното ривалство меѓу страните, може да се забележи дека во пораст е и борбата меѓу двете страни за зголемување на нивниот удел на пазарот на енергетиката и оружјето. Исто како и на политичката сцена, САД во рамките на конкурентноста сакаат да ја привлечат ЕУ на своја страна, но не се многу успешни на тоа поле.

Недостиг на алтернативни гасоводи, скапиот компримиран гас што САД сакаат да го продадат на европските земји и недостигот од потребната инфраструктура на секоја земја, се меѓу главните причини за овој неуспех. Сепак, дури и најблиските сојузници на САД во Европа продолжуваат да увезуваат гас од Русија.

Затоа, додека трае оваа борба меѓу Русија и САД, многу пријатен развој на настаните претставува транспортот на азербејџанскиот гас во Европа. Кога ова прашање се оценува заедно со ослободувањето на териториите окупирани од Ерменија во 44-дневната војна, многу појасно ќе се разбере патот што Азербејџан го мина на 30-годишнината од својата независност. Анкара и Баку дејствуваа заедно во овие два процеса кои се од големо значење за историјата на Азербејџан, а во исто време на целиот свет му покажаа какви успеси трасира оваа Унија.


[Проф. д-р Илјас Кемалоглу - член на Катедрдата за историја при Универзитетот „Мармара“]




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.