Анализа на вести

Расизмот е поопасен од кога било во Германија

‒ Расизмот е сеприсутен проблем во Германија. Расистичките ставови станаа сè поприсутни во политиката по миграциската криза во 2015 година.

Yunus Mazi   | 20.05.2022
Расизмот е поопасен од кога било во Германија

Јунус МАЗИ

[Авторот е кандидат за доктор на науки на Технолошкиот универзитет во Кемниц, Институт за политички науки]


ИСТАНБУЛ (АА) ‒ Расизмот е сеприсутен проблем во Германија. Расистичките ставови станаа сè поприсутни во политиката по миграциската криза во 2015 година. Како резултат на тоа, во 2017 година, Алтернатива за Германија (AfD) стана првата екстремно десничарска партија која влезе во Бундестагот како најголема опозициска партија од 1949 година. И покрај пандемијата и Руско-украинската војна кои доминираа во германската политика во последниве години, расизмот продолжува да биде постојан феномен, јавува Агенција Анадолија (АА).


‒ Извештајот на ДеЗИМ предизвикува загриженост

Германскиот центар за истражување на интеграција и миграција (Институт ДеЗИМ) објави сеопфатен извештај со наслов „Расистичка реалност ‒ како Германија се справува со расизмот?“ за секојдневниот расизам во Германија. Институцијата во извештајот испита голем број аспекти на проблемот со расизмот во Германија. Според наодите, 22 отсто од населението се соочило со расизам во секојдневниот живот, додека 35 отсто, не.

Иако голем број Германци го отфрлаат овој став, 49 отсто веруваат дека поединците може да се поделат на таканаречени „раси“. Една третина од испитаниците ја поддржуваат тезата дека одредени етнички групи се природно повеќе вредни од другите и дека одредени култури се супериорни.

Понатаму, 27 отсто од испитаниците веруваат дека социоекономскиот диспаритет може да се оправда во едно општество. За група на врвот и друга на дното, потребна е хиерархиска структура за нив. Иако 90 отсто од населението е свесно дека расизмот постои, само 60 отсто верува дека расизмот го вршат особено десничарските екстремисти.

Исто така, истражувањето покажува дека расната свест во германската јавност се разликува меѓу различни категории. Додека приближно 60 отсто од населението се согласува дека во Германија постои расизам против Евреите и „обоените“ лица, само 44,5 отсто веруваат дека постои антимуслимански расизам. Исто така, сугерира дека германската јавност не верува дека расизмот е широкораспространет социјален проблем. Од испитаниците, 33 отсто сметаат дека оние кои се погодени од расизам се всушност пречувствителни, додека 52 отсто веруваат дека се плашат. Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека критикувањето на расизмот е облик на угнетување на нивната слобода на изразување.


‒ Двојни стандарди во расистичката реторика

Проблемот со расизмот во Германија е тесно поврзан со изборот на Алтернатива за Германија во Бундестагот, оставката на Ангела Меркел како канцеларка и растечката нестабилност внатре во ЕУ. Политичкиот дискурс беше драстично променет од Ковид-19, а Руско-украинската војна го префрли фокусот на прашања поврзани со безбедноста. Во претходните години, муслиманските бегалци беа тие што претставуваа закана за Германија, но и за ЕУ, но денес Русите се тие кои имаат негативен имиџ во земјата.

Неколку милиони украински бегалци ја напуштија војната и побараа засолниште во Европа, пред сѐ во Полска. Тука лесно може да се види дури и дискриминација меѓу украинските бегалци и оние од глобалниот југ. Неколку медиуми објавија дека на овие бегалци не им било дозволено да ја преминат полско-украинската граница, иако на бегалците од украинско потекло им било дозволено да влезат. Фактот дека „луѓето со руса коса и сини очи“ сè уште бегаат од насилството во денешниот свет, ги „изненади“ западните медиуми. Ова покажува како расизмот е и структурен и медиумски управуван во западните нации.


‒ Ситуацијата е алармантна

Би било наивно да се верува дека секојдневниот расизам повеќе не е проблем во Германија под притисок на други прашања од пандемијата до економијата и војната. Расизмот сè уште опстојува во германското општество, како што се гледа од нападите во Ханау пред две години, на џамиите во Кемниц и Хале и сквернавењето на гробовите во Изерлон. Иако некои политичари како новата министерка за внатрешни работи, Ненси Фезер ‒ за разлика од нејзиниот конзервативен претходник Хорст Зихофер ‒ постојано изјавуваа дека исламот ѝ припаѓа на Германија, овие примери и извештајот на Институтот ДеЗИМ покажуваат колку е длабоко вкоренет расизмот во земјата. Во овој поглед, треба да се забележи дека успехот на АфД на изборите во 2017 година не беше еднократен настан. И покрај малиот пад, таа одржува двоцифрен процент на гласови. Ова покажува колку екстремната десница има солидна поддршка во општеството.

Новообјавениот извештај на Институтот ДеЗИМ сега се смета за еден од најсеопфатните извештаи за расизмот во Германија. Тоа е алармантно бидејќи покажува како расизмот, главно против муслиманите, може да се нормализира во политичката арена. И покрај тоа што декларациите на сегашната германска коалициска Влада нагласуваат дека исламот и муслиманските граѓани се добредојдени во Германија, овие коментари мора да бидат поткрепени со дела. Така, германските политичари мора веднаш да преземат превентивни мерки. Во спротивно, не само малцинствата, туку и Германците би се соочиле со сериозни тешкотии во блиска иднина.


[1] https://www.bmfsfj.de/bmfsfj/aktuelles/presse/pressemitteilungen/viele-menschen-in-deutschland-sind-bereit-zu-engagement-gegen-rassismus--197156

[2] https://www.tagesschau.de/rassismus-studie-107.pdf

[3] https://www.zeit.de/politik/deutschland/2022-01/nacny-faeser-islam-migrationspolitik-islamismus-einwanderung-integration

[4] https://www.mdr.de/nachrichten/sachsen-anhalt/halle/halle/schuesse-moschee-islamisches-kulturzentrum-100.html

[5] https://www.tag24.de/chemnitz/crime/nach-feuer-vor-moschee-in-chemnitz-wir-gehen-von-einem-gezielten-angriff-aus-2290858

[6] https://www.sueddeutsche.de/politik/iserlohn-grabschaendung-reaktionen-1.5500587

[7] https://www.watson.ch/international/ukraine/449928855-ukraine-krieg-kritik-an-westlichen-medien-wegen-rassismus


* [Мислењата изнесени во овој текст припаѓаат исклучиво на авторот и нужно не ја одразуваат уредувачката политика на Агенција Анадолија]

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın