Анализа на вести, свет

МИСЛЕЊЕ - Заборавените турски жртви од долгиот 19 век

Денес турското население е расфрлано по различни балкански земји и тоа е само мал дел од она што беше во 19 век. Иронично, Турците ги нарекуваат геноцидни, а наследниците на убијците ги повикуваат на помирување со нивната историја

Ahmet Gençtürk   | 30.04.2021
МИСЛЕЊЕ - Заборавените турски жртви од долгиот 19 век

Пишува: Ахмет Генчтурк

АНКАРА (АА) - Се случи она што се очекуваше и американскиот претседател Џо Бајден ги нарече настаните во 1915 година „геноцид“, нешто што многу туркофобични кругови го посакуваа со децении. Не е изненадувачко ниту тоа што го промаши споменатиот систематски и немилосрден масакр врз стотици илјади Турци и Курди во источна Анадолија од страна на ерменските терористички организации.

Всушност, оние што го конструираа наративот за „крволочните Турци наспроти невините христијански жртви“ никогаш не се потрудија да се обидат да објаснат што се случувало со милиони Турци на Балканот и во Анадолија за време на процесот на изградба на нациите и националните држави од страна на нивните поранешни христијански соседи. Најверојатно, претседателот Бајден никогаш не бил запознаен со масакрите, поробувањата, депортациите и масовните силувања што ги претрпеа Турците во текот на долгиот 19 век во периодот од 1821 до 1922 година.

Затоа што остана како последна етничка заедница на Османлиската империја, која протонационалистичката идеологија мораше да ја усвои дури по балканските војни од 1912 година, кога Комитетот на унијата и прогресот (CUP) сфати дека неговата почетна османистичка парадигма не успеала, Турците беа примарни жртви на напредување на национализмот на Блискиот Исток. Откако културната и верската свест за христијанските конституенти на Империјата сѐ повеќе се трансформираше во територијален национализам и во независни хомогени национални држави, турското население изгледаше како значајна препрека поради неговите различни вери и етницитети. Детуркизацијата беше вообичаена желба на милитантните балкански национализми, кои исто така често беа непријателски расположени.

Во тој контекст, Турците се масакрирани, нивните имоти се уништени, одземени, често без никаков надомест, а оние кои и понатаму инсистираа да останат на своите имоти низ Балканот се депортирани за време на долгиот 19 век. Денес турското население е расфрлано по различни балкански земји и тоа е само мал дел од она што беше во 19 век. Иронично, Турците ги нарекуваат геноцидни, а наследниците на убијците ги повикуваат на помирување со нивната историја. Грчкиот случај е илустративен показател дека сторителите на злосторството станале жртви, а жртвите се етикетирани како злосторници.

Грците на 25 март ја прославија 200-годишнината од бунтот против Османлиската империја, кој во 1830 година резултира со основање на модерна Грција, и тоа со помош и под покровителство на Франција, Велика Британија и Русија. Грчките медиуми и академската заедница со одушевување ја претставуваат револуцијата со која, како што тврдат, од колевката на западната цивилизација ги протерале „крвавите, заостанати муслимански Турци од Истокот“. При тоа и не ја споменуваат судбината на десетици илјади муслимани, Турците, Албанците и Евреите, кои престојуваа на грчкиот полуостров стотици години. Несомнено е дека злосторствата кои „јунаците на грчката револуција“ ги извршиле меѓу 1821 и 1830 година против негрчките и неправославни елементи во Атина, Мисолонгија, Врахорија, Ачаи, Калаврити, Монемвасија и најозлогласените во Триполи, не се совпаѓаат добро со нарацијата на грчката официјална историја.

Интересно е дека западната академска заедница сè повеќе ги игнорира овие факти документирани од западните историчари и дипломати од тоа време, како што се Џорџ Финлеј, Валтер Алисон Филипс и современи научници како Џастин Мекарти и Барбара Јелавич, и тоа се случува под притисок на туркофобични политичари, лоби и медиуми.

Слично на тоа, окупаторските грчки сили во Анадолија со помош на вооружените ерменски банди меѓу 1919 и 1922 година започнаа детуркизација на западна Анадолија со масакри и депортации. Не само современите историчари, како Лорд Кинрос и Арнолд Ј. Тојнби, туку и Интерсојузничката комисија која ја сочинуваа француски, италијански, американски и британски офицери и претставник на Меѓународниот црвен крст, известија за широкораспостранетите систематски грчки злосторства. Не изразувајќи никакво службено жалење поради окупацијата на Анадолија или масакрот кои се случија во периодот 1919 - 1922, Грција, наместо тоа, вложи напори да го убеди светот дека е жртва на сопствената империјалистичка војна против Турците.

Грција во 1993 година го измисли и призна „геноцидот над Грците“, за кој тврди дека ги однел животите на речиси милиони Грци во периодот од 1914 до 1923 година. Би можело да се постави прашањето зошто Грција чекаше речиси 80 ​​години да се сети дека се случило вакво нешто. Одговорот што е корисен за разбирање на експлоатацијата на наративот за „геноцидот“ врз Турција е комплексен.

Пред сѐ, тоа служи на целта на чистење на сопствените историски гревови против Турците. Второ, ги одржува во живот антитурската хистерија и национализмот во земјата. Трето, со етикетирањето на Турција како „генодицна“, иако без цврсти докази, Грција сака да добие симпатии и поддршка од некои кругови на Западот и Блискиот Исток. Вредно е да се напомене дека сево ова се случувало и покрај историскиот став на Турција дека не сака да копа по историјата за да создаде непријателства, туку заговара историска коегзистенција на Турците и Грците од османлиските времиња.

* Мислењата изразени во овој текст му припаѓаат само на авторот и не ја одразуваат нужно уредувачката политика на Агенција Анадолија (АА)

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın