Анализа на вести, свет

Како реагираше палестинската страна против договорот меѓу ОАЕ и Израел?

На 13 август во 2020 година беше соопштено дека меѓу ОАЕ и Израел ќе се потпишат договори во различни области, меѓу кои и официјалното нормализирање на односите меѓу двете кои земји кои долги години овие односи ги развија задкулисно

Esat Fırat   | 15.08.2020
Како реагираше палестинската страна против договорот меѓу ОАЕ и Израел?

КУДС

Администрацијата на Палестина, и организациите како Фатах, Хамас, Исламски џихад и Палестинскиот народен ослободителен фронт како предавство го опишаа договорот за нормализација на односите постигнат меѓу Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ).

На 13 август во 2020 година беше соопштено дека меѓу ОАЕ и Израел ќе се потпишат договори во различни области, меѓу кои и официјалното нормализирање на односите меѓу двете кои земји кои долги години овие односи ги развија задкулисно.

Во соопштението што американската страна го даде во име на Израел и ОАЕ, се вели дека американскиот претседател Доналд Трамп информирал дека е одржан телефонски разговор меѓу израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и престолонаследникот на Абу Даби, принцот шеик Мухамед бин Зајид ал Нахјан и дека притоа „е постигнат договор за целосна нормализација на односите меѓу Израел и ОАЕ“.

Последниве години можеше да се види дека земјите од Заливот се натпреваруваа меѓусебно, особено ОАЕ, по официјални патишта и јавно да ги нормализираат своите односи со Израел, каде што на власт е најдесничарската Влада во историјата на земјата.

Додека народот од регионот, Израел го гледа како „окупатор на Палестина и на други арапски земји“, вниманието го привлекува забрзаниот процес на нормализација на односите на арапските земји со Израел, особено во последните три години, преку покани, посети, состаноци, декларации и настани.

Новинарот на Агенција Анадолија (АА) направи преглед на реакциите на палестинските страни кои овој договор го опишуваат како предавство.

- Админситрацијата на Палестина

Во писменото соопштение на палестинската админситрација се вели дека остро го осудуваат и го одбиваат договорот за нормализација постигнат меѓу ОАЕ и Израел.

Во ова соопштение се нагласува дека ОАЕ овој договор го постигнале под сенка на плановите за јудаизација на Месџид Ал Акса и како возрат на тоа привремено суспендирање на израелското анектирање на некои делови на окупираниот Западен Брег.

„Тоа што ОАЕ постигнаа договор со Израел, е предавство за Кудс (Ерусалим), Ал Акса и палестинската кауза. Овој чекор го уништува реозлуциите на состаноците на Арапска мировна иницијатива, Ерапска лига и Организацијата за исламска соработка како и нивната меѓународна легитимност. Исто така, тоа претставува игнорирање на правата на палестинскиот народ и нивните свети нешта, како Ал Акса, како и игнорирање на нивните барање за една независна палестинска држава со границите од 1967 година“, се истакнува во соопштението.

Како реакција против овој договор, палестинската админситрација по повлеќе својот амбасадор во ОАЕ.

- Палестинска ослободителна организација

Членот на управниот одбор на Палестинската ослободителна организација, Ханан Ашрави, реагираше против договорот за нормализација кој ОАЕ го постигнаа со Израел со цел „зачувување на шансата за дводржавно решение“.

„Ве молам не ни правете добрина“, напиша Ашрави на социјалните мрежи како реакција против договорот.

„Можеби не си бил загрижен од ограбувањето на твојата земја. Можеби не си ја искусил болката на живеење под окупација и заробеништво. Можеби куќата не ти е срушена, можеби саканите не ти биле убиени, можеби двоите пријатели не те предале“, рече Ашрави, обраќајќи му се на престолонаследникот на Абу Даби, принцот шеик Мухамед бин Зајид ал Нахјан.

- Движењето Фатах

Абас Зеки, член на централниот комитет на Палестинското национално ослободително движење Фатах, под водство на Махмуд Абас, реагираше против овој договор, и рече: „Договорот за нормализација меѓу ОАЕ и Израел, значи дека ОАЕ се откажале од нивната верска, национална и човечка обрска кон палестинската кауза.“

- Хамас

Портпаролот на Хамас, Абдулатиф ел-Кану, во изјава за новинарот на АА истакна дека овој договор го опишува како игнорирање на болките на палестинскиот народ, и опасен настан во врска со нормализацијата.

„Договорот за нормализација меѓу ОАЕ и Израел е предавнички удар со нож зад грбот на нашиот народ“, рече Кану, додавајќи дека овој договор нема да му даде било каква легитимност на ционистичкиот режим врз палестинските територии.

Според Кану, договорот ќе ги охрабрува окупаторските сили да извршат уште повеќе прекршување против палестинскиот народ.

Тој нагласи дека Израел ќе продолжи да биде главниот непријател на палестинскиот народ, и ќе продолжат да собираат сила со цел да го отстранат Израел од палестинските територии.

- Палестинското движење „Исламски џихад“

Движењето „Исламски џихад“ овој договор го опиша како „предавство“.

„Нормализацијата со Израел е предавање. Направениот чекор нема да ги промени фактите на конфликтот, наспроти окупаторската админситрација уште повеќе ќе ја претвори во терористичка структура“, рече портпаролот на ова движење, Давуд Шихаб, осудувајќи ја оваа нормализација меѓу двете земји.

Шихаб истакна дека овој договор има за цел спасување на израелската владат од кризите во кои се наоѓа.

- Палестинскиот народен ослободителен фронт

Палестинскиот народен ослободителен фронт, договорот за нормализација меѓу ОАЕ и Израел го опиша како кама избодена зад грбот на палестинскиот народ.

Во писменото соопштение на овој фронт се вели дека овој договор е нов комплот против арапскиот народ.

„Договорот за нормализација меѓу ОАЕ и Израел го опиша како кама избодена зад грбот на палестинскиот народ. Овој пат со одобрение на ОАЕ, ќе се отвори патот на еден уште поагресивна војна“, се наведува во соопштението, и се додава дека договорот претставува закана против арапскиот народ, и дека тоа е непријателски чекор против палестинскиот народ.

- Заеднички блок на арапската листа

Заедничкиот блок на арапската листа која ги претставува палестинците кои се државјани на Израел, го осуди договорот постигнат меѓу ОАЕ и Израел.

„Без враќање на правата на палестинскиот народ, не може да се зборува ниту за зближување меѓу народите, ниту за нормализација ниту пак за мир“, напиша на социјалните мрежи Ејмен Авде, претседател на Заедничкиот блок на арапската листа.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın