Анализа на вести

За да се зборува за „нормализација“ на односите Турција - ЕУ, треба да се отворат нови поглавја од преговорите

Се чини дека на финалната Декларација на Самитот на 25-26 март 2021 во однос на Турција ќе се отворат вратите за новиот период. Сепак, предвидената нормализација не значи ништо друго освен зачувување на статус кво состојбата.

Prof. Dr. İrfan Kaya Ülger   | 24.03.2021
За да се зборува за „нормализација“ на односите Турција - ЕУ, треба да се отворат нови поглавја од преговорите

ИСТАНБУЛ (АА) -ИРФАН КАЈА УЛГЕР -

Самитот на лидерите на ЕУ, што ќе се одржи на 25-26 март 2021 година со учество на шефовите на државите и владите на Европската Унија (ЕУ), ќе се одржи преку видеоконференција поради пандемијата предизвикана од новиот вид коронавирус (Ковид-19). Агендата на Самитот опфаќа широк спектар.

На прво место на агендата се наоѓа борбата против Ковид-19 и студиите за вакцинација низ цела Европа, прашањето за ограничувања на патувањата и усвојување на заедничките правила за Шенген-зоната.

Како втора точка ќе бидат разговорите за дигиталната трансформација, економските проблеми и проблемите во еврозоната. Со други зборови, ќе се дискутира за зачувување на силата на еврото, што во моментов го користат 19 земји, на меѓународните финансиски пазари.

Следните точки на дневниот ред на состанокот на Самитот ќе бидат зајакнување на соработката со НАТО, мерките што треба да се преземат против Русија и конфликтот во Источен Медитеран кои беа на дневен ред и на претходните состаноци на Самитот.

Како позитивна порака привлекува внимание тоа што пред Самитот високите раководители на ЕУ, контактирајќи со Турција сакаа да воведат нова соработка за прашањата со бегалците. Политичките набљудувачи овој дијалог го сметаат како тенденција за нормализирање на односите на ЕУ со Турција.

И покрај тоа што Турција се повлече од Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и семејното насилство позната како Истанбулска конвенција и се отвори постапка пред Врховниот суд на Република Турција со која се бара прекин на работата и укинување на Народната демократска партија (ХДП) поради поврзаност со тероризмот, тоа нема да предизвика враќање на односите наназад од сегашното ниво.

Европската Унија (ЕУ) секогаш ги искажува своите критики и препораки на турската Влада за прашања слични на оние наведени погоре. Нема да биде изненадување ако ваквите изјави бидат вклучени во финалната декларација на Самитот. Но, поентата на која треба да се фокусираме ќе биде прагматичната перспектива, со други зборови, ќе има тенденција за нормализирање на односите и за решенија во спорните области. Паралелно со ставот на ЕУ кој го декларира од неодамна, се очекува да се покаже волја за нормализирање на односите со Турција.

- Она што страните го разбираат од „нормализацијата“ не се совпаѓа

Тука клучна точка е што се подразбира под поимот „нормализација“? Што треба да се подразбере од овој поим? Тоа што ЕУ го подразбира под нормализација не се совпаѓа целосно со тоа што го подразбира Турција.

Волјата на Турција за влез во ЕУ сѐ уште продолжува, и покрај поминатото време и меѓународните проблеми кои претставуваат пречка.

Јавните службеници и официјалните лица кои даваат изјави во името на Турција на различни платформи го изразуваат тоа.

Од друга страна, ако треба да се донесе заклучок, може да се каже дека преговорите продолжуваат во правна смисла и дека нема промена, барем во официјалниот став на ЕУ, за пристапувањето на Турција. Реалноста што стана поизразена од неодамна е следна: преговорите продолжуваат во правна смисла, но всушност се запрени.

Дали нормализацијата на односите меѓу Турција-ЕУ која се очекува по Самитот од 25-26 март 2021 година ќе придонесе за отворање нови поглавја во преговорите за пристап во ЕУ? Што мисли ЕУ за иднината на односите со Турција? Кипарското прашање останува најважниот хендикеп што директно и индиректно влијае на односите меѓу двете страни.

Силната позитивна и хармонична соработка на страните во врска со полноправното членство може да придонесе за отстранување на разликите во мислењата, дури и за тешки прашања како што е конфликтот во Кипар. Но, проблемот не е само во тоа, туку е на повисоко ниво. Страната на ЕУ сѐ уште нема обезбедено консензус за полноправно членство на Турција.

Затоа, под оваа општа рамка подразбираме дека ЕУ под нормализација на билатералните односи има за цел зачувување на фактичката состојба. Моментално отворени се 16 од 35 поглавја за преговори, и дискусијата за решавање на други проблеми што влијаат на билатералните односи се смета како нормализација.

Всушност, денес има многу спорови меѓу Турција и ЕУ. Ако треба да ги наведеме под наслови, пред сѐ постојат разлики во ставовите за ограничување на морските јурисдикции во Источниот Медитеран и Егејското Море. Кипарското прашање со една димензија исто така е поврзано со поморските јурисдикции. Приспособување на условите на Царинската унија воспоставена помеѓу ЕУ и Турција во 1996 година, стапувањето на сила на Договорот за реадмисија, визното ослободување и прашањата за бегалците се другите спорни прашања што влијаат на билатералните односи. Дури и расизмот, ксенофобијата и исламофобијата која се зајакна во последно време во цела Европа негативно влијаат на односите Турција-ЕУ.

Политиката на Турција на Блискиот Исток, особено проблемите што произлегуваат од Сирија и Ирак, борбата против тероризмот и напорите за обезбедување територијален интегритет на соседните земји, честопати се причина Турција да има конфликти со САД и Русија. Несомнено, оваа ситуација влијае на односите ЕУ-Турција.

Од друга страна, природниот гас откриен во регионот помеѓу Египет, Израел и грчката администрација на Јужен Кипар во Источен Медитеран создаде уште еден потенцијален проблем за тоа како тој ќе се пренесува на меѓународните пазари.

Иако не е економично и профитабилно, Грција и грчката администрација на Јужен Кипар прават притисок врз ЕУ за изградба на гасовод „EastMed“, што е исто така друг проблем поврзан со други прашања.

Друго прашање кое нема крај во билатералните односи се критиките на ЕУ за уназадување на основните права и слободи во Турција. По 15 јули, денот на обидот за воен удар, Турција воведе вонредни мерки за да се елиминира заканата од воен удар. Со цел да се спротивстави на заканата по обидот за пуч, направени се делумни ограничувања во некои области без да се допира суштината на слободите.

Но, од друга страна, се занемарува фактот дека Турција им дава широка слобода на здружување и застапеност на политичките фракции, не заостанувајќи зад ниту една западноевропска земја.

ЕУ го прифаќа и одобрува затворањето на баскиската партија Батасуна со одлука на Владата бидејќи не ја смета за терористичка организацијата „Баскиска татковина и слобода“, позната како сепаратистичка ЕТА во Баскискиот Регион во Шпанија. Спротивно на тоа, отворањето на постапка пред Врховниот суд на Република Турција со која се бара прекин на работата и укинување на Народната демократска партија (ХДП) поради поврзаност со тероризмот, од страна на ЕУ се осудува и се смета за оддалечување од западните вредности.

- Турција треба да ја заштити перспективата за полноправно членство

Во овој момент, друга точка која привлече внимание е тоа дека за време на пандемијата, ЕУ тивко прогласи воспоставување режим за заштита на човековите права на глобално ниво и одлука дека ќе воведе санкции против оние кои дејствуваат против основните права и слободи.

Колку прашањето за оставањето на бродовите со бегалци да потонат или бегалците да ги загубат своите животи сред Медитеранот од страна на единиците на граничната безбедност на ЕУ, се совпаѓа со човековите права, е отворено за дискусија. Исто така, не е потребно да се живее во Париз за да се знае дека француски државјанин со африканско потекло се соочува со дискриминација додека аплицира за работа во јавната администрација и колку тоа е во согласност со принципот на „недискриминација“. Денес, во многу земји членки на ЕУ, основните права и слободи стојат зад Европската конвенција за човекови права. И покрај тоа што во ЕУ основните права и слободи стојат зад Европската конвенција за човекови права, ЕУ во надворешниот свет може да го искористи дискурсот за човекови права.

Доколку треба да се претстави сликата на односите Турција - ЕУ пред Самитот на ЕУ, може да се каже следното: ЕУ, која се движи со прагматични перспективи во периодот што следува, целите на соработката ќе ги насочи во многу области, особено кон прашањето за бегалците. Изјавите за санкции против Турција поради поморска надлежност во Медитеранот се чини дека ќе се заменат со изјави за соработка и дијалог.

Дури и сегашните случувања пред Самитот, како што е повлекувањето од Истанбулската конвенција, и случајот за затворање против ХДП што има потенцијал негативно да влијае на билатералните односи, нема да претставуваат пречка за нормализирање.

Сепак, она што страната на ЕУ го разбира од нормализацијата, не е ништо друго освен заштита на статус кво состојбата со прагматична и опортунистичка перспектива. За да се зборува за нормализирање на односите, преговорите за полноправно членство треба да добијат динамика и да се отворат барем нови поглавја за преговори.

Меѓутоа, под сегашните услови, нормализацијата се користи за избегнување конфликти и зајакнување на соработката во други области, но не и во областа на полноправно членство.

Турција од нормализирање треба да подразбира ревитализација на преговорите за полноправно членство. Се чини дека на финалната Декларација на Самитот на 25-26 март 2021 во однос на Турција ќе се отворат вратите за новиот период. Сепак, предвидената нормализација не значи ништо друго освен зачувување на статус кво состојбата.

[Проф. д-р Ирфан Каја Улгер е раководител на Одделот за меѓународни односи на Универзитетот „Кочаели“]


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.