Анализа на вести, Операција Извор на мирот

Експерти: „Договорот меѓу САД и Турција го заштитува сирискиот територијален интегритет“

„Во рамките на договорот, формирањето федерација на ЈПГ/ПКК остана само сон за терористичката организација и заштитен е сирискиот територијален интегритет“, изјави за АА Абдула Агар, поранешниот командант на турските специјални сили

Büşra Nur Bilgiç   | 18.10.2019
Експерти: „Договорот меѓу САД и Турција го заштитува сирискиот територијален интегритет“

АНКАРА (АА) - Договорот кој синоќа беше постигнат меѓу Турција и ЕУ го заштитува сирискиот територијален интегритет и нема да ѝ дозволи на терористичката организација ЈПГ/ПКК да формира федерација, велат експертите, јавува Anadolu Agency (AA).

„Во рамките на договорот, формирањето федерација на ЈПГ/ПКК остана само сон за терористичката организација и заштитен е сирискиот територијален интегритет“, изјави за АА Абдула Агар, поранешниот командант на турските специјални сили и експерт за безбедност.

„Турција ќе биде повеќе во контакт со Русија и со режимот на Асад за ефективноста на безбедносната зона во претстојните денови“, додаде Агар.

Агар, исто така изјави дека договорот ќе ги отстрани елементите на ЈПГ/ПКК од турската граница, но дека тие нема да бидат деактивирани.

„Позицијата на режимот и Русија кон безбедносната зона и нивниот однос со ЈПГ/ПКК ќе бидат одредени во претстојниот процес“, додаде тој.

„Исто така, Џан Акун, истражувач за надворешна политика во Фондацијата за политички, економски и социјални истражувања со седиште во Анкара (SETA), за АА рече: „Едно од главните прашања тука е дали Турција и СНВ ја контролираат областа која ЈПК/ПКК ја напуштија или не“.

„Затоа што режимот и Русија имаат исто така безбедносни активности тука“, додаде тој.

„Турција треба да го наполни енергетскиот вакуум тука и да биде претпазлива“, предупреди Акун.

Акун рече дека терористите на ЈПГ/ПКК може да променат униформи во обид да се маскираат како војници на режимот на Асад.

„Турција треба да биде претпазлива во претстојниот процес и не треба да дозволи таков свршен чин. Исто така, треба да биде посветена во отстранување на терористите од регионот“, додаде Акун.

- Мора да биде во согласност со договорот - 

Акун исто така изјави и дека доколку ЈПГ/ПКК не се усогласува со барањата од договорот, Турција ќе биде во ситуација да ги продолжи воените операции и своето присуство во областа.

„Во овој контекст, треба да нагласиме дека врската на САД со ЈПГ/ПКК дојде речиси до крајот. Затоа, овој договор резултираше со сериозна придобивка што ќе има и дипломатски и воени ефекти на теренот“, смета тој.

САД и Турција вчера постигнаа договор за запирање на антитерористичката операција на Турција во северна Сирија на 120 часа, со цел да се овозможи повлекување на терористите на ЈПГ/ПКК од планираната безбедносна зона.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека безбедносната зона во северна Сирија вклучува површина со ширина од 32 километри и должина од 444 километри.

Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın