Анализа на вести

Еколозите изработија банер зачувување на Националниот парк Маврово

Александра Бујаровска, координатор на еколошкото здружение, истакна дека на националниот парк Маврово му се заканува уништување на природните богатства со изградба на 15 хидроелектрани на територијата на НП „Маврово“

Ivana Ramadanova   | 20.10.2017
Еколозите изработија банер зачувување на Националниот парк Маврово (Foto: Ivana Ramadanova/AA)

Skopje

СКОПЈЕ (АА) - Еколошкото здружение ФРОНТ 21/42 денеска на кејот на реката Вардар во Скопје одржа прес-конференција со којашто беше најавено дека ќе испратат порака до носителите на одлуки преку изработка на банер за спас на националниот парк Маврово, јавува Anadolu Agency (AA).

Александра Бујаровска, координатор на еколошкото здружение, истакна дека на националниот парк Маврово му се заканува уништување на природните богатства со изградба на 15 хидроелектрани на територијата на НП „Маврово“.

„Идејата на овој настан е да ја подигнеме свеста за потребата за зачувување на националниот парк Маврово. Уште од 2010 година е отпочнат процесот за негово репрогласување за заштитено подрачје, што би значело изготвување план за управување и една севкупна анализа на кумулативните влијанија на сите оние проекти што се предвидени во рамките на паркот. За жал, до ден-денес тој процес сѐ уште не е завршен, со тоа што го оставаме оваа подрачје незаштитено, и од аспект на законска легислатива, и од аспект на мерки коишто би требало да се преземат за негово соодветно управување“, рече Бујаровска.

Таа истакна дека во моментов се издадени одобренија за четири централи на реките Жировничка, Рибничка и Јадовска, и додаде дека уништувањето на водите во националниот парк, кои ја одржуваат флората и фауната, ќе значи нивно трајно губење, велат од еколошкото здружение ФРОНТ 21/24.

Банерот заедно со протестно писмо за стопирање на проектите за хидроелектрични централи во националниот парк „Маврово“ истиот ден ќе биде доставен до Владата на Република Македонија.

Националниот парк Маврово се наоѓа во западна Македонија. Зазема простор од 73.088 хектари и најголем е меѓу трите национални паркови во земјата.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.