Анализа на вести, свет

Брегзит ги подели британските медиуми

Дискусиите околу Брегзит сериозно го поделија печатот во земјата, а продолжувањето на дебатите ја намалува довербата на Британците кон медиумите

Hasan Esen   | 17.09.2019
Брегзит ги подели британските медиуми

ЛОНДОН (АА) - Хасан ЕСЕН

Дискусиите околу излегувањето (Брегзит) на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ) сериозно го поделија печатот во земјата, а продолжувањето на дебатите ја намалува довербата на Британците кон медиумите, пишува Anadolu Agency (AA).

Прашањето за Брегзит во Британија освен во политиката, отвори пат и за поделба во медиумите. „Дејли мејл“ (Daily Mail), „Дејли телеграф“ (Daily Telegraph), „Дејли стар“ (Daily Star), „Сан“ (The Sun) и „Дејли експрес“ (Daily Express Brexit) се приврзаници на Брегзит, додека „Дејли мирор“ (Daily Mirror), „Гардијан“ (The Guardian) и „Фајненшел тајмс“ (Financial Times) се со став против Брегзит. Останатите весници и „Би-би-си“ (BBC) продолжуваат со политиката да одржуваат иста дистанца со двете страни.

Весниците поддржувачи на Брегзит, во своите текстови повремено како цел ги земаат лицата кои сакаат земјата да остане во ЕУ, посочувајќи ги како предавници.

На пример, бизнисменката Гина Милер, која на суд се осврна на одговорноста на Владата дека не може да го спроведе Брегзит без одоборување на Парламентот при што и судиите што досудија во нејзина полза, го посочи директно весникот „Дејли мејл“.

По процесот од 2016 година, судиите, нивните фотографии и приватното минато во насловите на весникот беа прикажани како „непријатели на народот“.

- Обвинувања за предавство

Весникот „Дејли мејл“ во своите написи наведе дека се „злонамерни“ парламентарците, членовите на Конзервативната партија, кои не ја почитуваат одлуката на партијата, посочувајќи ги како предавници пред лицето на 17 милиони граѓани кои гласаа за Брегзит.

Ана Субри од Конзервативната партија, која се изјасни против владината одлука, рече дека добива пораки со содржина „дека треба да биде обесена“ и истакна дека сета таа омраза произлегува претежно од медиумите.

Субри истакна дека весниците за неа го користел терминот „бунтовник“, додавајќи дека добила електронска пошта со содржина: „Сите ние знаеме што им се случува на бунтовниците. Тебе ќе те видиме обесена на бандера или на некое дрво.“

- „Демони“ и „херои“

Покрај членовите на Конзервативната партија, која е проевропски ориентирана, во исто време и Џереми Корбин, лидерот на Лабуристичката партија, Жан-Клод Јункер, претседателот на Комисијата на ЕУ, и Мишел Барниер, преговарачот на ЕУ за Брегзит, се меѓу оние што се именувани како „демони“ од страна на десноориентираниот печат.

Од друга страна, премиерот Борис Џонсон, екстремниот десничар Најџел Фараж, како и конзервативците Дејвид Дејвис, Лиам Фокс и Иан Данкан Смит се прикажуваат како херои.

Во медиумите може да се забележи дека се отсликува ставот „преземање контрола над земјата“, што е пристап на политичарите кои го поддржуваат Брегзит.

Во истражувањето што го спроведе Кралскиот колеџ во Лондон се истакнува дека во медиумите, прашањето за „Брегзит“ е доведено до „остра и сепаратистичка“ ситуација. Во истражувањето се истакнува дека генерално во вестите за поддршка на Брегзит се користат термините „гнев“, „напад“, „шмирглање“, „сеење страв“ и „проект за страв“.

- Медиумите против Брегзит шират страв

Во истражувањето се подвлекува дека исто како и приврзаниците за Брегзит, и весниците кои се за останување во ЕУ објавуваат вести во кои шират страв, во кои се тврди дека излезот од ЕУ со договор или без договор би довел до катастрофа.

„Поголемиот број печатени институции, наместо да создадат простор на кој едната страна на фер начин би ја предизвикала другата страна, тие ја охрабруваат пристрасноста“, се наведува во извештајот.

- „Наспроти Западот, марксистички тимови“

Ваквата состојба се отсликува во речиси секоја вест за Брегзит. На пример, откако во мај Британскиот парламент го одби предлогот на поранешната премиерка, Тереза Меј, весникот „Сан“ (The Sun) објави дека „површен Брегзит би бил предавство на резултатите од референдумот“, а Корбин имаше изјавено дека бројот 10 „ќе премине под марксистичка контрола која е против Западот“.

„Дејли мејл“ (The Daily Mail) кој сакаше да не се направи чекор наназад, го бранеше ставот дека вонредна влада со Корбин би претставувала „вистинска закана“ за земјата. „Дејли телеграф“ (The Daily Telegraph) го критикуваше договорот на Меј и тврдеше дека доцнењето на Брегзит би можело да заврши со влада предводена од Корбин.

Може да се забележи дека дојде до поларизација меѓу британските медиуми откако е изгласан Законот со кој премиерот Борис Џонсон е принуден од ЕУ да побара продолжен рок од 3 месеци.

Левоориентираните весници како што се „Гардијан“ (The Guardian) и „Индепендент“ (The Independent) ги објавија насловите „Џонсон е понижен“ и „Џонсон ја загуби контролата“, додека весникот „Тајмс“ (The Times), кој е централно десноориентиран, го избра насловот „Премиерот го загуби историското гласање“.

„Дејли телеграф“ (Daily Telegraph), во кој Џонсон имаше колумна додека не беше избран за премиер на Британија, без да се осврнува на поразот и оставките во партијата објави текст под наслов „Џонсон сака избори“.

- Читателите бегаат од вестите

Од друга страна, отсликувањето на поддржувачите на Брегзит или неговите противници во медиумите предизвика оддалечување на читателите од медиумите.

Во јуни, Институтот „Ројтерс“ од Универзитетот „Оксфорд“ изработи истражување во кое 35 % од Британците одговориле дека дебатите за Брегзит „се причина за создавање поларизација во општеството, поради која се создава чувство на досада, оддалечувајќи ги читателите особено од вестите“.

Во истражувањето се наведува дека Британците кои се од страната за останување во ЕУ, не се во можност да направат ништо во врска со политичката криза што е во тек и таквата ситуација негативно влијае врз нив.

Во истражувањето се вели дека поради зголемената поларизација и подвоеност меѓу Британците, постои намалување на довербата во вестите, при што се истакнува: „Изгледа дека дури еден од најдоверливите „брендови“, како што е „Би-би-си“ (BBC), се обидува својата агенда да им ја наметне на поголем број луѓе.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın